Одеса нападната за време на посетата на Мицотакис

Одеса, Украина/ Фото: Nina Liashonok/Ukrinform / Sipa Press / Profimedia

Не постои никаков проблем во однос на безбедноста на премиерот и грчката делегација, брифираат грчки владини извори по информациите дека во Одеса бил извршен воздушен напад, а во украинскиот град денеска е премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, кој според неофицијални извори се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Според видеата и информациите објавени на Х и Телеграм од Украина, околу 11 часот утрово имало предупредување за воздушен напад во Одеса по што се слушнале две силни експлозии, а не е јасно дали станува збор за балистички ракети или дронови.

Засега нема официјални информации за воздушниот напад.

Посетата на Мицотакис на Одеса и средбата со Зеленски, од безбедносни причини, не беа официјално најавени.

Во август минатата година украинскиот претседател беше во Атина на неформалната вечера што ја организираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за лидерите на Западен Балкан и на земјите-членки на ЕУ од регионот.

Официјална Атина континуирано ја изразува поддршката за Украина, како во одбраната на нејзинот територијален интегритет, така и за нејзината европска перспектива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот