Oдбележани 118 години од саможртвата на гемиџиите

Со положување цвеќе пред споменикот  Гемиџии кај Мало Мовче на левата страна од Велес, делегација од Општина Велес денеска  ја одбележа 118-годишнината од саможртвата на велешките херои – гемиџиите и се поклони на нивниот херојски подвиг.

На крајот од април 1903 во Солун, кружок на млади македонски интелектуалци кои се нарекле гемиџии, поголемиот дел од нив од Велес, со серија акции во кои самите тие биле жртви, сакале да го свртат вниманието на големите европски сили кон Македонија поробена од Турците.

 

По 118 години од солунските атентати, Велес и велешани со длабока почит се сеќаваат на храбрите подвизи на: Јордан Поп ЈордановОрцето, Димитар МечевМечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, како и на нивните соборци.

Поради состојбата со коронавирусоти оваа година како и лани изостана прослава со помасовно присуство на повеќе делегации, граѓани и здруженија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот