Од утре сите по лекови на рецепт во туристичките места

Фото: Слободен печат

Од утре се укинуваат квотите на лекови во туристичките места во Охрид, Ресен, Струга, Дојран и Гевгелија, што значи дека лекови на рецепт ќе може да се подигнат без ограничување, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Како што објасни тој, во туристичките места во летниот период поради напливот на гости често се случува локалното населние да не може да си ги подигне лековите на рецепт.

Со укинување на квотите министерот вели тој проблем нема веќе да се јавува. На прашањето зошто се јавувал недостигот кога лекови на рецепт препишуваат само матичните лекари во градот во кој пациентот живее, Филипче појасни дека туристите рецептите од матичен ги носеле во туристичките центри и таму ги подигале.

Тој смета и дека ова селективно укинување на квотите за лекови во аптеките не ги дели граѓаните, на повластени или не, бидејќи ова прашање е регулирано не со Устав и закон туку со правилник кој утрово Фондот за здравство го изменил.

Наесен се планира укинување на квотите и во другите градови.

Филипче најави и дека со укинување на квотите рецептите пациентите ќе може да ги подигнат само лично, односно со лична карта. Во туѓо име ќе може да се подигне само рецет за неподвижни лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот