Од утре кој се грее на парно треба да потпише нов договор со ЕСМ

Парно, радијатори / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Од утре корисниците на централното греење ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје, информира денеска помошник директорката за производство од АД ЕСМ, Александра Маројевиќ.

– Корисниците на централното греење на нашиот систем од утре се повикуваат да се обратат до пунктовите кои се на исто место за да почне регулирањето на нашите односи со потпишување договори за снабдување со топлинска енергија, како и сите други барања кои произлегуваат од оваа услуга, рече Маројевиќ.

ЕСМ доби лиценца за производство на топлинска енергија до 30 април 2023 година, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија за период од 35 години и лиценца за снабдување на топлинска енергија за период од 10 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот