Од СЗО предупредуваат дека илјадници луѓе ќе останат без здравствената заштита поради копнените операции во Газа

Газа / Фото EPA-EFE/ATEF SAFADI

Поради израелските копнени операции во јужниот дел на Газа илјадници Палестинци би можеле да останат без здравствена заштита, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

Интензивирањето на воените копнени операции во јужниот дел на Газа, особено во Кан Јунис, веројатно ќе остави илјадници луѓе без здравствената заштита, особено од пристапот до медицинскиот комплекс Насер и Европската болница во Газа, двете главни болници во јужна Газа, бидејќи се зголемува бројот на повредени и болни, се вели во соопштението на СЗО, пренесува Си-Ен-Ен.

Се укажува дека само 18 од 36-те болници сè уште функционираат во Газа, но само делумно обезбедуваат услуги. СЗО додава дека 12-те болници во јужна Газа се „рбетот на здравствениот систем“.

„Газа не може да си дозволи да изгуби уште една болница бидејќи здравствените потреби продолжуваат да се зголемуваат“, се вели во соопштението на СЗО од каде го повикуваат Израел да ги преземе неопходните мерки за заштита на цивилите и болничката инфраструктура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот