Од средина на јуни дел од европските граници се враќаат на режимот од пред епидемијата

Одлуката за отворање на границите би можела да биде донесена уште следната недела, а потоа ќе биде одреден конкретен датум, вели Шаленберг во изјава за агенцијата АПА.

Австрија, Чешка, Словачка и Унгарија планираат усогласено заедничко отворање на границите кон средината на јуни, соопшти денеска шефот на австриската дипломатија, Александер Шаленберг.

– Се согласивме да го минеме тој пат заедно и со себе да ја земеме и Унгарија – рече тој на видео конференцијата со колегите од Чешка и Словачка, Томас Петричек и Иван Корчок.

Одлуката за отворање на границите би можела да биде донесена уште следната недела, а потоа ќе биде одреден конкретен датум, вели Шаленберг во изјава за агенцијата АПА.

Тој рече дека во моментов интензивно се работи на тоа од средината на јуни да се воспостави целосна слобода на патување со Чешка, Словачка и Унгарија, како што беше и пред пандемијата на новиот коронавирус. Истовремено, тој потенцира дека е важно мерките да бидат донесени врз основа на јасни параметри за здравјето, мобилноста и безбедноста.

Шаленберг најави дека во наредните денови ќе се одржи друга видео конференција, во која ќе учествува и унгарскиот колега Питер Сијарто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот