Од руската амбасада не ја коментираат местенката на Заев

Од руската амбасада во Скопје е соооштено дека немаат коментар за местенката на Заев, односно дека не коментираат „активности на приватни лица“.

Станува збор за инцидентот во кој двајца руски комичари воделе телефонски разговори со премиерот Заев и му се претставувале како украинскиот претседател Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Амбасадата не коментира активности на приватни лица, особено не шеги на комичари – соопштилае од руската амбасада.

Од друга страна, премиерот Заев, во коментар за оваа ситуација, истакна дека тој е жртва на измама на добро организирана структура што работи против земјите кои се залагаат за евроинтеграции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот