Од Лондон до Дубровник за 24 часа: Патешествие на 150 патници на „Бритиш ервејс“

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Патниците на летот БА 2832 на авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ требало да слетаат во Дубровник од Лондон во неделата во 21 часот и 25 минути, но поради силното невреме, слетувањето не било можно, по што започнала нивната драма.

Не можејќи да слета, пилотот околу половина час кружел околу Дубровник, а потоа ги известил патниците дека ќе мора да слета во Загреб. За тоа време патниците гледале како други авиони полетуваат и слетуваат на аеродромот во Дубровник, пишува Јутарњи лист.

„Се надевам дека ќе имаме доволно гориво за да стигнеме до Загреб“, им рекол пилотот на патниците, што дополнително го зголемило гневот кај нив.

Авионот на крајот имал доволно гориво, а со околу 150 патници слетал на меѓународниот аеродром во Загреб 20 минути по полноќ. Патниците за Јутарњи лист изјавија дека никој не ги пречекал на аеродромот, ниту им објаснил што треба да прават, а со оглед на тоа што ништо не работи на аеродромот, велат дека можеле да купат само вода од автоматот.

Тие не добиле ниту информација кога треба да заминат за Дубровник. Пилотот само им објаснил дека не можат да заминат додека тој не одмори најмалку 12 часа.

Од Меѓународниот аеродром во Загреб, пак, тврдат дека ги сретнале патниците при излегувањето од авионот и им дале известување од авиокомпанијата да си најдат сопствено сместување и дека Бритиш ервејс ќе им ги надомести трошоците.

Оттаму додаваат и дека патниците ги однеле во такси и дека повеќето од нив за многу кратко време го напуштиле аеродромот.

Патниците добиле известување за времето на поаѓање по СМС порака, како и објаснување дека не можат да слетаат во Дубровник поради лошото време.

Прво им било кажано дека ќе полетаат во 13 часот и 30 минути, но подоцна и тој датум бил поместен.

Тие конечно полетале за Дубровник во 15:30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот