Од Ковид-19 починаа 13 лекари во Србија

Од епидемијата на новиот коронавирус во Србија досега се починати 12 лекари и стоматолози и еден пензионер, штитеник на дом за стари лица, изјави за порталот Нова.рс, претседателот на Синдикатот на лекари и фармацевти, Раде Паниќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Паниќ кажа дека со сигурност знае за 13 лекари, но верува дека ги има повеќе, поради тоа што не успеале да ги евидентираат, додавајќи дека меѓу тие потврдени случаи се починатите лекари од Лесковац, Ниш, Чуприја, Параќин и Нови Сад.

– Што се однесува до заболените здравствени работници, немаме никаква можност да водиме евиденција. Последното што го слушнав беше бројката од околу 650, изјави Паниќ.

Синдикатот, како што објаснува Паниќ, нема информации за починати медицински сестри, додека заразени здравствени работници има „многу повеќе отколку што ни кажуваат бројките”.

Претседателот на Синдикатот на лекари и фармацевти оцени дека сега во Србија има повеќе заштитна опрема за здравствените работници од претходно, но дека на повеќето контролни пунктови каде заштитната опрема е потребна, ја нема доволно.

– Информациите што ги имаме е дека ковид единици и ковид болниците ја добиваат опремата и ја има доволно. На сите други места е многу дискутабилно дали ја има и дали е поделена…Она што е дефинитивно е информацијата дека на повеќето пунктови недостасува заштитна опрема или ја нема доволно, ако се случи појава на ново жариште и повеќе заболени пациенти, изјави прретседателот на српскиот синдикат на здравствени работници и фармацевти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот