Од денеска во Франција вакцинирање на сите возрасни групи

Скопје, 31 март 2021 / ФОТО: Драган Митрески - СП.

Целосно сум убеден дека голем број луѓе ќе се вакцинираат сега, изјави Ален Фишер, шеф на кампањата за вакцинација во француската Влада.

Од денеска сите граѓани на Франција, без разлика на возраста или здравствената состојба, ќе можат да се вакцинираат против Ковид-19, во момент кога властите постепено ги ублажуваат рестриктивните мерки воведени поради пандемијата.

– Целосно сум убеден дека голем број луѓе ќе се вакцинираат сега, изјави Ален Фишер, шеф на кампањата за вакцинација во француската Влада.

Тој смета дека проширувањето на кампањата за вакцинација претставува „клучна фаза” за заштита на населението и „враќање во понормален живот”.

Французите ќе мораат да бидат стрпливи во очекување на вакцината, бидејќи закажувањата на термини, достапни од четвртокот, „постепено” пристигнуваат на специјализираните платформи на Интернет, истакна министерот за здравство, Оливие Веран. Платформата Доктолиб соопшти дека веројатно не би можело веднаш да се одговори на сите барања поради „сè уште ограничениот број на дози на вакцини”.

Следниот месец се очекува пратка од 76,7 милиони дози, наспроти 44,5 милиони добиени во мај.

Најмалку една доза во Франција примиле 25,4 милиони луѓе или 38 проценти од населението, и 48,4 отсто од возрасната популација. Две дози примиле околу 10,7 милиони луѓе.

Фишер проценува дека „има големи шанси” Владата да ја надмине предвидената цел од 30 милиони први дози на вакцини до 15 јуни.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека најмалку 70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани за да се прогласи крај на пандемијата, додавајќи дека Европа „сè уште премногу бавно го вакцинира” своето население.

Во 53 земји кои припаѓаат на европската СЗО, вакцинирани се само 26 проценти од населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот