Обвинителството бара притвор за Камчев

Обвинителката Вилма Рускоска потврди дека ќе биде побаран притвор за бизнисменот Орце Камчев.

Камчев е приведен претпладнево во Полициската станица Карпош, потврдија за „Слободен печат“ извори од Министерството за внатрешни работи (МВР). Тој по приведувањето е упатен во Кривичниот суд во Скопје, каде е на распит пред судија по претходна постапка.

Камчев изведен пред судија на претходна постапка

Според објавите на дел од медиумите, Камчев се подготувал за бегство, а информацијата за ваквиот обид до Обвинителството ја доставиле Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

АНБ имала информации дека се подготувал за бегство: Приведен бизнисменот Орце Камчев

Орце Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја”, но и во случајот „Плацеви на Водно” за кој Рускоска информираше дека истрагата е при крај. Во „Плацеви за Водно” првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого истрагата покажала дека со пари на партијата си купил плацеви во вредност од 1,3 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот