Обвинителствата ќе го бараат исчезнатиот патник со споредба на листите од граничните премини

Веднаш по денешната прес конференција на бугарските органи на истрагата во врска со сообраќајната несреќа што се случи завчера на автопатот „Струма“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде усна наредба до СВР Скопје за обезбедување на листи на патници кои со автобуси на „Беса транс“ ја напуштиле Република Северна Македонија на 18.11.2021 година и листи на патници кои влегле во државава на 22.11.2021 година, соопшти ова обвинителство.

Обезбедувањето на листите од граничните премини е со цел да се направи споредба на патниците, бидејќи според изјавата на обвинителот Сарафов недостасува еден патник од запалениот автобус.

Истата постапка ја спроведува и бугарското обвинителство, кое ги споредува листите од граничните премини за влез на патници од Република Северна Македонија во Република Бугарија на 18.11.2021 година и листите за влез од Република Турција во Република Бугарија на 22.11.2021 година и излез од Република Бугарија кон нашата земја наредниот ден, велат од македонското Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот