Обновено спортското игралиште во Лисиче – тартан подлога, нови голови и кошеви

Општина Аеродром реализираше инвестиција за обнова на спортското игралиште во населбата Лисиче. Станува збор за проект кој опфаќа поставување на нова тартан подлога, трибини, огради, голови и кошеви, како и хортикултурно уредување на околниот простор.

Со изградба на модерни објекти го развиваме натпреварувачкиот дух кај младите и ги поттикнуваме повеќе време тие да поминуваат во своето маало, практикувајќи здрав начин на живот. Општина Аеродром и понатаму продолжува да инвестира во спортски објекти на кои младите ќе ги учат и усовршуваат своите спортски вештини. Станува збор за инвестиција за која средствата се целосно обезбедени од буџетот на Општината, истакна градоначалникот Тимчо Муцунски.

Реконструкцијата на ова спортско игралиште е дел од есенската градежна офанзива која се реализира во Аеродром и која опфаќа инвестиции во нови улици, сообраќајници, спортски игралишта и детски катчиња. Во следниот период овој дел од Аеродром, ќе добие уште едно мултифункционално игралиште на улицата Тодор Чангов и нов спортски комплекс на местото на поранешниот Пирин.

Ставајќи ги во фокус младите и спортот и во следната година Општина Аеродром ќе продолжи да инвестира во реконструкција на постоечки и изградба на нови спортски објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот