Обновено игралиштето „Патрик“ во Аеродром, освен детско, доби и две спортски игралишта

Фото: Општина Аеродром

Општина Аеродром  ја заврши реконструкцијата и го пушти во употреба игралиштето „Патрик“, кое се наоѓа зад „Три Бисери“, кое се протега на површина од 1600 квадратни метри, каде  освен детско игралиште, има и две повеќенаменски игралишта за фудбал, ракомет и кошарка.

Како што информираат од Општината, станува збор за инвестиција која е реализирана со поддршка на општествено-одговорна компанија, а која значи многу за развојот на спортот во Аеродром,  во однос на обезбедување содржини за правилен развој на најмладите, како и одржување на настаните кои станаа симбол и традиција на маалскиот живот во Аеродром.

Според градоначалникот Тимчо Муцунски „Патрик“ сега е едно од најубавите детски и спортски катчиња во општината.

„Патрик“ со неговата традиција несомнено заслужуваше да стане едно од најубавите катчиња во Аеродром. На моја голема радост, успеавме да го постигнеме тоа. Детската радост, спортските натпревари и успеси и понатаму ќе се одржуваат во срцето на Аеродром, каде направивме повеќенаменски комплекс со простор и за дечињата и за спортистите. Во изминатите две години преку вакви и слични проекти креиравме простор за спортување, игра и урбано живеење во Аеродром, напиша Муцунски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот