Објавен Јавен повик за учество на конститутивно Собрание на млади на Град Скопје

Град Скопје објави Јавен повик за учество на конститутивното локално Собрание на млади на Град Скопје. Собрание на млади претставува тело во чија надлежност е изборот на членовите на локалниот младински совет (ЛМС) на Град Скопје.

За учество на конститутивното собрание може да се пријават младински организации, организации за млади, подмладоци на политички партии, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои имаат активности на подрачјето на град Скопје (се однесува на десетте скопски општини Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари).

– Целосниот јавен повик со општите услови, како и условите за учество на конститутивното собрание на млади на Град Скопје можете да ги најдете на официјалната веб страница на Град Скопје – https://skopje.gov.mk/media/8806/javen-povik-za-mladinsko-sobranie.pdf , а истиот трае 10 календарски дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање – информираат од Град Скопје.

Сите заинтересирани организации кои со своите предлози ги исполнуваат условите за учество на конститутивното собрание на млади на Град Скопје, потребно е апликациите да ги достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: Булевар ИЛИНДЕН бр.82 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 29.06.2022 година до 15:00 часот, со назнака: “Пријава за учество на конститутивно собрание на млади на Град Скопје“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот