
Новиот Модел 3 на „Тесла“ доаѓа на пазарот
„Тесла“ го претстави новиот Модел 3 Лонг Ранг ексклузивно за кинескиот пазар, кој се издвојува со импресивен дострел од 830 километри. Ова значи дека со едно полнење се поминуваат над 800 километри. Со ова компанијата поставува нови стандарди во сегментот на електрични возила. Овој потег, се чини, е директен одговор на сè посилната конкуренција на кинескиот пазар, првенствено на моделот Xiaomi SU7.
Препорачано
Новиот Модел 3 е напојуван од батерија NMC од 78,4 kWh произведена од LG. Во комбинација со неа е електричен мотор од 302 КС (225 kW). За споредба, стандардниот Модел 3 на кинескиот пазар има послаб мотор од 260 КС (194 kW). Благодарение на оваа комбинација, автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,2 секунди.
Цената на моделот во Кина е 269.500 јуани, што е околу 34.500 евра. Иако ова е за 14 проценти повеќе од основниот Модел 3, конкуренцијата е сè уште силна, особено во споредба со Xiaomi SU7 Pro, кој постигнува ист опсег од 830 километри, но со поголема батерија од 94,3 kWh. Ефикасноста на Tesla, тогаш, е очигледно импресивна.
Важно е да се напомене дека опсегот од 830 километри е измерен според кинескиот стандард CLTC (China Light-Duty Vehicle Test Cycle). Овој циклус симулира возење во урбана средина, со многу запирања и забавувања, што им оди во прилог на електричните автомобили поради регенеративното сопирање. Поради ова, CLTC е обично пооптимистички од европскиот WLTP стандард, па затоа реалниот опсег на овој модел во Европа би бил нешто помал доколку некогаш се појавеше на тој пазар.
Засега не е познато дали овој модел ќе биде достапен надвор од Кина.