Новата верзија на ChatGPT ќе биде уште пофасцинантна

Вештачка интелегенција / Фото: Илустрација

Компанијата зад ChatGPT, апликација која на само еден клик и команда пишува есеи, песни или компјутерски кодови, ќе започне со долгоочекуваното ажурирање на својата технологија за вештачка интелигенција за која вели дека ќе биде побезбедна и попрецизна од нејзиниот претходник.

Верзијата на ChatGPT 4 долго се чекаше откако ChatGPT се појави на сцената кон крајот на ноември минатата година, воодушевувајќи ги корисниците со своите способности кои се базираа на постара верзија на технологијата за вештачка интелигенција позната како модел на големи јазици.

„Го направивме ChatGPT 4 како најнова пресвртница во напорите на вештачката интелигенција за зајакнување на скалата на длабоко учење“, се вели во блогот на компанијата, додавајќи дека вештачката интелигенција „покажува перформанси на човечко ниво“ дури на некои професионални и академски задачи.

Компанијата соопшти дека моделот е „покреативен и покооперативен од кога било досега“ и „ќе ги решава тешките проблеми со поголема прецизност“ од неговите претходни верзии. Со најавеното ажурирање, текстуалните одговори од ChatGPT 4 ќе бидат попрецизни и во иднина ќе доаѓаат и со внесување слика или текст, што е голем чекор напред за технологијата, иако овој аспект сè уште не е најавен, пренесува Science alert.

На пример, ако корисникот испрати слика од внатрешноста на фрижидерот, ChatGPT 4 не само што точно ќе идентификува што има таму, туку и ќе открие што може да се подготви со тие состојки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот