Новата српска влада ќе има 27 министри и за прв пат хрватски преставник

Српската премиерка Ана Брнабиќ / Фото EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / GOVERNMENT PRESS SERVICE POOL MANDATORY CREDIT

Новата Влада на Србија на чело со Ана Брнабиќ, доколку ја добие поддршката од Народното собрание, ќе има 28 членови. Покрај премерката, нејзе ќе сочинуваат 27 министри, од кои двајца без ресор. Собраниската седница на која мандатарката ќе го изнесе своето експозе ќе биде утре, а во среда 17-от српски кабинет би требало да положи заклетва, јави дописникот на МИА од Белград.

Столбот на Владата ќе биде од редовите СНС, коалицијата СПС-ЈС ќе има пет кандидати за министри и по еден кандидат од ПУПС на Милан Кркобабиќ, СДПС на Расим Љајиќ и Демократскиот сојуз на Хрватите на Томислав Жигманов во Војводина, со што во владата за прв пат ќе се најде и преставник на хрватското малцинство во Србија.

Седум министри од составот во заминување ќе ги задржат своите ресори: Синиша Мали (финансии), Бранко Ружиќ (образование), Маја Гојковиќ (култура), Маја Поповиќ (правда) и Ирена Вујовиќ (екологија). Новица Тончев (без ресор за регионален развој) и Милан Кркобабиќ (за грижа за селата). Од оние кои ќе ги сменат мимистерствата се Томислав Момировиќ кој од транспорт и инфраструктура преминува во Министерството за надворешна и внатрешна трговија, а на негово место доаѓа Горан Весиќ од Град Белград, потоа Дарија Кисиќ која го отстапува одделот за труд и социјална политика на Никола Селаковиќ, а таа оди во Министерството за демографија и семејна грижа.

За прв пат членови на Владата треба да станат: Јелена Беговиќ, молекуларен биолог, на функцијата министер за наука и технолошки развој, градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ (вицепремеир и одбрана), неурохирургот и директор на Институтот за радиологија и онкологија Даница Грујичиќ (здравство), Томислав Жигманов (малцинства и социјален дијалог), Тања Мишчевиќ која ги предводеше преговорите со ЕУ (европска интеграција), познатиот одбојкар Зоран Гајиќ (спорт), Јелена Танасковиќ (земјоделство), Хусеин Мемиќ кој е заменик на партијарта на Расим Љаиќ (туризам и млади), Томислав Жигманов (малцински права и социјален дијалог), Дубравка Ѓедовиќ Негре од Извршниот одбор на НЛБ Комерцијална банка (енергетика и рударството), и долгогодишниот пратеник на СНС Александар Мартиновиќ (државна управа и локална самоуправа). Во Владата се враќа и Братислав Гашиќ кој беше прв човек на Безбедоносно-разузнавачката агенција (БИА), а сега ќе биде прв човек на полицијата. Министерството за информации и телекомуникации и министерството за јавни инвестиции се уште се без кандидати.

Потврдено е и дека шефот на дипломатијата и вицепремиер и координатор на безбедносно-разузнавачките агенции ќе биде лидерот на СПС Ивица Дачиќ, а министер без ресор ќе биде неговиот партиски колега Ѓорѓе Милиќевиќ.

Лидерот на СНС и претсдател на Србија Александар Вучиќ при читањто на предлозите на имињата од СНС во новата влада кажа дека во неа нема да бидат актуелните министри Небојша Стефановиќ (полиција), Бранислав Недимовиќ (земјоделство), Јадранка Јоксимовиќ (евроинтеграции) и Златибор Лончар (здравство), но дека „ќе продолжат да работат напорно за партијата”. Како што рече, никој од нив не се налутил, како и некои други луѓе кои заслужиле шанса, но ги замолил да почекаат. Тој кажа дека сите тие повторно ќе имаат шанса за две години, имплицирајќи дека тогаш е можна реконструкција на владата или нови избори.

Вучиќ не ги прочита имињата и на досегашната вицепремиерка и министер за евроинтеграции Зорана Михајловиќ и на досегашниот министер на полицијата,

Александар Вулин, кои и двајцата важеа за своевидни „јастреби” во досегашната влада, првата како „прозападен човек” и вториот како „проруски” играч.

Српските медиуми соопштија дека Михајловиќ која е потпретседател на СНС ја напуштила седницата откако и било кажано дека нема повеќе да биде министер за рударство и енергетика и за денес закажа прес конференција.

Мандатарката Ана Брнабиќ на прашањето на српските медиуми дали се работи за антизападна влада бидејќи, ја нема Зорана Михајловиќ, и дека Александар Вулин наводно ќе раководи со БИА, и да „двете решенија укажуваат на оддалечување од Западот, бидејќи Зорана наводно била претставник на центрите на влијание на Западот, а да реториката на Вулин нема да предизвика ентузијазам во САД, изјави:

-Видов и критики дека ова е проевропска влада, како и дека се откажуваме од евроинтеграциите и се доближуваме до Русија. Но ова покажува дека сме на српскиот пат, кажа Брнабиќ и посочи дека за директорот на БИА „ќе зборува подоцна”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот