Новата израелска влада: Обединување и смирување или продолжување на невралгијата

(COMBO) This combination of pictures created on June 2, 2021 shows (Top (L to R) Israel's opposition leader Yair Lapid, Israeli former Defence Minister Naftali Bennett, Israeli former Interior Minister Gidon Saar, Israeli ex-defence minister Avigdor Lieberman, (bottom L to R) Israeli politician Nitzan Horowitz, alternate Prime Minister Benny Gantz, head of Israel's conservative Islamic Raam party Mansour Abbas, and leader of the Jewish state's Labour Party (HaAvoda) Merav Michaeli. Lapid informed the country's president he has managed to muster enough support across a broad political spectrum to achieve a government of "change", which could signal the end of Benjamin Netanyahu's leadership and two years of political crisis.,Image: 613996135, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: JACK GUEZ / AFP / Profimedia

Постигнувањето на договор во Кнесетот помеѓу противниците на Нетанјаху е момент кој отвара нови дилеми како ќе се развива политиката во и кон овој чувствителен (невралгичен) дел од светот.

Уште не заврши првата половина од 2021, а Израел по трет пат го предизвикува вниманието на светската јавност. Прво, како држава која најбрзо вакцинираше најголем дел од населението во глобалната трка во пандемијата со Ковид-19. Потоа, со двонеделниот крвав „блиц криг“  со Хамас во Газа. И конечно, со најновите вести за создавање на најчудната коалиција во историјата на малата, но моќната држава, која треба да го избрка од работа долговечниот Бенџамин „Биби“ Нетанјаху, кој беше на власт 12 години.

Новата коалиција се создаде по серијата средби очи-во-очи меѓу сите претставници на анти-Нетанјаху кампот во израелскиот парламент. Коалицијата ја сочинуваат партиите Јеш Атид, Јамина, Кахол Лаван, Нова надеж, Работничката партија, Јизраел Бејтеину, Мерец и Обединетата Арапска листа на Мансур Абаз. Ова е историска ситуација кога лидерот на една арапско-изралеската партија и лидерот на еврејска ултранационалистичка партија се спојуваат за заедничко формирање на влада, објави израелски Јаарец.

Вчера, Јаир Лапид, лидерот на коалицијата формално го извести претседателот Рувен Ривлин за успехот. „Имам чест да Ве известам дека успеав да составам влада. Тоа ќе биде ротирачка влада. Нејзин прв премиер ќе биде Нафтали Бенет. Ви ветувам дека оваа влада ќе работи во служба на сите граѓани на Израел, на оние кои гласаа и оние кои не гласаа за неа. Ќе ги почитува противниците и ќе стори се што може за унифицирање на обединување на израелското општество“, му рекол Лапид на претседателот Равлин.

Постигнувањето на договор во Кнесетот помеѓу противниците на Нетанјаху е момент кој отвара нови дилеми како ќе се развива политиката во и кон овој чувствителен (невралгичен) дел од светот. Во многу анализи за најновите случувања во „земјата на Давид“ се наведува дека во последниве две години и покрај дури четири парламентарни избори, на ниту едните ниту Нетанјаху – кого го чека судење за земање мито, измама и злоупотреба на власта, ниту пак лидерите на опозицијата, не успеаја да договорат коалиција која би имала мнозинство во Кнесетот.

Првиот премиер Бенет: Ултранационалист и ги мрази Арапите

Централната и најанализирана личност во постизборната драма во Израел е Нафтали Бенет, лидерот на ултранационалистичката коалиција Јамина (Десно), и претседател на партијата Нова десница. Иако со неговата партија освои само 7 од 120 места во израелскиот парламент, сепак успеа да постигне договор со центристистичката Јеш Атид (Има иднина) на Јаир Лапид, која освои 17 места во новиот Кнесет и е главен и најжесток соперник на Биби.

Бенет влезе во политиката како пулен на Нетанјаху и водеше пет министерства. Овој 49-годишен син на еврејско-американски емигранти и еврејски ултранационалист, влезе во политиката како шеф на кабинетот на Нетанјаху од 2006-2008. Всушност, нему и на неговата заменичка Ајелет Шакед им се припишува добар дел од заслугите за подемот на Нетанјаху – од лидер на опозицијата до премиер, пишува Вашингтон пост.

Откако се разишол со Нетанјаху, наводно во и не баш пријателски односи, го предводел Советот Јеш, движење на еврејските доселеници во окупираниот палестински Западен брег, а потоа му се придружил на Еврејскиот дом, десничарска религиско-ционистичка партија која исто така е посветена на интересите на доселениците. Во 2012 година станал претседаел на таа партија, но веќе следната година повторно дојшол во владата на Нетанјаху. Помеѓу 2012 и 2020 бил на чело на ни повеќе ни помалку туку на пет министерства, од кои истовремено на три: министер за економија (2013-2015), министер за здравство (2013-2015), министер за дијаспора (2013-2019), министер за образование (2015-2019) и министер за одбрана (2019-2020).

Додека бил на чело на Еврејскиот дом, главното политичко барање на Бенет била анексијата на Западниот брег, иако е тоа нелегално според меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации – како што се нелегални и изградбата на населби на тие територии, каде моментално живеат повеќе од 400.000 еврејски доселеници, покрај оние 200.000 во Ерусалем, делот од градот кој требаше да и припадне на несудената палестинска држава, а која дефакто Израел ја окупираше во 1980 година.

Нафтали Бенет – лидерот на Јамина/ Фото: RONEN ZVULUN / UPI / Profimedia

Неговата воинствена реторика е позната во Израел. „Убив многу Арапи во мојот живот – и нема проблем со тоа… Палестинските терористи треба да бидат убиени, а не да бидат ослободени“, го коментираше тој пуштањето на 104 палестински затвореници за време на обновата на мировните преговори, што беше жестоко осудено од дел од јавноста и политичката сцена, а на тоа денес потсетуваат светски новински извори.

„Во малата израелска земја нема да постојои палестинска држава… Тоа едноставно нема да се случи. Палестинска држава би била катастрофа во следните 200 години“, нарекувајќи ја хипотетичната палестинска држава како „самоубиство“ за Израел, пишува прогресивниот американски портал Комон дримс.

За првпат по раѓањето на израелската држава, една арапско-израелска партија потпиша договор да биде дел од новата влада. Опозицијата, и покрај драстичните и наизглед непомирливи идеолошки разлики во однос со палестинците, еврејските населби на палестинските територии и по прашањето за палестинската држава, конечно се обедини со единствената цел: смена на Нетанјаху. Оттука е интересна како ќе тече соработката меѓу Мансур Абаз и Нафтали Бенет, кои со новото мнозинство во Кнесетот се очекува да бидат под силен притисок од досегашниот премиер, кој ќе ги искористи сите средства, вклучувајќи и протести на улиците и жестоки напади преку социјалните мрежи, пишува Хаарец.

Нетанјаху опозицијата во Кнесетот ја смета за левичарски радикали, кои ако додјат на власт ќе го загрозат постоњето на Израел и со тоа тој ги продлабочува и така дабоките тензии и предизвикува стравови дека може да се случи реприза на атентатот на премиерот Јицак Рабин, кого во 1995 година го уби еврејски десничарски екстремист заради неговото потпишување на мировниот Договор во Осло со палестинскит лидер Јасер Арафат, забележува хрватски Индекс.

Од тие причини, националната агенција за обезбедување го подигна нивото за лично обезбедување на номинираниот кандидат за премиер Бенет, а овој потег е невообичаен затоа што изралеската внатрешната безбедност ги обезбедува само премиерот и лидерот на опозицијата. Побарана е и дополнително обезбедување и за заменичката на Бенет, Ајелет Шакед.

Сепак, според договорот во коалицијата, Бенет ќе биде премиер само две години во договорената ротирачка влада, наречена Влада на национално единство. Тој ќе биде нејзин прв премиер. А каков ќе биде неговиот досега познат воинствен став кон регионот, останува да видиме во времето пред нас.,

По најавата за влада, Лапид ќе го менува и спикерот на Кнесетот

Се забрзуваат и разговорите за смена на спикерот на Кнесетот, Јарив Левин, кој ќе биде заменет од Мики Леви, од партијата Јеш Атид на Јаир Лапид. Мнозинството од пратениците во Кнесетот, сите од формираната коалиција Лапид-Бенет, формално ја најавија смената на спикерот, која треба да се случи на гласање на почетокот на следната недела, што е чекор во процесите пред новата влада да даде заклетва. Ова формално барање го потпишаа 61 од 120 члена на парламентот, и се предвидува да се случи следниот понеделник.

Нетанјаху и Лапид/ DEBBIE HILL / AFP / Profimedia

Успехот за составување на новата влада во Израел се врти околу една клучна работа. Имено, дека е време Нетанјаху (кој владее со Израел од 2009, и претходно од 1996-1999), конечно да си замине. Опозицијата смета дерка по четирите избори, при што не се реши ништо заради тврдоглавата напори на Нетанјаху да се одржи на власт што се повеќе и штети на земјата, наведува Вашингтон пост.

Ревизија или статус кво: Што ќе следува во Израел со новата влада?

Израел останува во центарот на вниманието на Блискиот исток. Изгледа дека има повеќе непријатели отколку пријатели околу себе. Новата влада, составена од центсристи, левичари и претставници на израелските Арапи, во времето на 12-годишното владеење на Нетанјаху застрани остро кон десно, и водеше неколку офанзиви на Газа, а и ја оддалечи државната политика од сценариото за две држави кон трајна окупација,а можеби и анексија на палестинските територии. Даи владата на национално помирување ќе продолжи според ова сценарио, засега никој не може да предвиди.

Но се чини дека ниту оваа влада нема драстично да ги менува стратегиите кон соседите. Голема непознаница останува за Израел секогаш опасниот Иран, на дел од кралствата на Арапскиот полуостров, кои ги помагаат воените анти-еврејски арапски воени формации во соседните земји, потоа на реториката на острење заби со Турција, а како најнејасна останува и иднината на политиката на новата американска влада на Бајден, која уште за време на изборите навестуваше ревизија на трамповата во некои елементи штетна политика на САД во регионот. На пример, на одлуката за поддршка за прогласување на Ерусалем за главен град на Израел.

Во тој контекст треба да поттсетиме и на ситуацијата од средината на март, непосредно откако Израел ја призна државноста на Косово, и кога Косово објави дека формално ја отвора својата амбасада во Израел во Јерусалем, и стана првата европска држава која отвори своја амбасада во спорниот град, чиј статус е во сржта на Израелско-Палестинскиот конфликт. Тогаш овој потег жестоко го осудија Србија и Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот