Новата американска амбасадорка во Скопје Анџела Агелер положи заклетва во Стејт департментот

Новата американска амбасадорка во РСМ положи заклетва/Фото: Твитер

На посебна церемонија во американскиот Стејт департмент, новата амбасадорка во Република Северна Македонија Анџела Агелер положи заклетва, соопшти на Твитер профилот Американската амбасада во Скопје.

Агелер е дипломатка од кариера на Високата служба за надворешни работи, а до неодамна беше заменик-шеф на мисијата на САД во Пакистан каде што служеше и како привремена в.д. амбасадорка.

Во нејзината кариера претходно работела како советник за односи со јавноста во амбасадата на САД во Париз, а работела и во Њу Делхи, Ханој и Вашингтон.

Во својата богата диломатска кариера Агелер работела и во Скопје, како дел од тимот за односи со јавност во американската амбасада. Таа зборува и македонски јазик, а знае и француски и малку хинди.

Таа во земјава доаѓа на местото на досегашната амбасадорка Кејт Мери Брнз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот