Фото: Freepik

Нова „закана“ за вашите емоции: Знаете ли што е „Фекстинг“?

Расправиите преку СМС пораки или која било друга апликација за комуникација како Месинџер, Вибер, Инстаграм, Снепчет … стануваат се почест начин за решавање на несогласувањата меѓу партнерите.

Можеби во моментот на лутина ви изгледа како безопасно препишување, но експертите предупредуваат дека овој тип на комуникација може сериозно да ги уништи односите.

„Проблемот со испраќањето пораки е тоа што го губи најважното нешто во комуникацијата – говорот на телото, тонот на гласот и самото присуството“, вели д-р Карла Менли, американски психолог и автор на книгата „Состанувај се паметно“ (Date Smart).

„Без овие елементи лесно може да настанат недоразбирања, а тензијата меѓу партнерите да расте“, додава таа.

Луѓето почесто си пишуваат отколку што зборуваат во живо бидејќи е „полесно“ да се изрази фрустрација без директна конфронтација, но тоа создава емотивен јаз. Една неодговорена порака може да предизвика чувство на отфрлање, а импулсивната реченица може да остави потрајни последици.

Карла советува паровите да не ги решаваат конфликтите преку пораки, туку да разговараат лице в лице, или барем да зборуваат преку телефон.

„Само на овој начин можеме јасно да ги изразиме емоциите и да избегнеме непотребни погрешни толкувања“.

Можеби решавањето на недоразбирањата звучи практично преку пораки, но за добра врска, искрениот и смирен разговор е секогаш најдобриот начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот