Нова закана за климатските промени: На Гренланд потопло за 20 до 30 степени

„Гренландска зима“ (Weimin Chu/Your Shot/Naitonal Geographic) - прво место во категорија „Градови“ и освоено гран-при

На Гренланд во последните денови се забележани температури од 20 до 30 степени над просекот за овој период од годината, а тие биле присутни на многу места на огромната арктичка територија, објави данскиот метеоролошки институт.

Во главниот град Нук на 20 декември температурата била 13 Целзиусови степени, а во овој период од годината просечната температура е -5,3 ° С.

Понатаму, во Каанаак, на север, температурата се искачила на 8,3 степени Целзиусови, а вообичаената за ова време е -20,1 Целзиусови степени.

„Една од причините за покачените температури е метеоролошкиот феномен „фен“, топол ветер кој дува доста често на Гренланд“, објаснува климатологот од ДМИ, Каролин Дрост Јенсен.

На Арктикот затоплувањето е три пати побрзо отколку на други места во светот

„Малку е необично да се стоплува на толку голема површина, а истовремено тоа да се случува толку долго време, “, изјави Јенсен за АФП.

Сепак, ова не е преседан бидејќи не се срушени ниту апсолутните рекорди, ниту рекордите во последните триесет години за месец декември.

На Арктикот затоплувањето е три пати побрзо отколку на било кое друго место во светот.

„Планетарното глобално затоплување подразбира покачени температури какви што сега ги гледаме на Гренланд, и тие се генерално повисоки отколку во минатото“, рече климатологот Дрост Јенсен.

Масовно распуштање

Во текот на летото топлотниот бран со температури кои беа над десет степени повисоки од вообичаените предизвика епизода на „масовно“ топење на глечерите на Гренланд.

Тогаш секој ден се забележуваа загуби од осум милијарди тони мраз, што е двојно повеќе од просечниот ритам за летниот период.

На 14 август, исто така, врнеше дожд на врвот на највисоката точка на Гренланд (3216 метри), што досега не се случило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот