Нова студија открива: Сексот и оргазмот пред спиење може да ви помогнат побрзо да заспиете

Фото: Пекселс/ ketut-subiyanto

Партнерскиот секс кој води до оргазам го намалува времето потребно на мажите и жените да заспијат и го подобрува квалитетот на сонот, според наодите објавени неодамна во „Џурнал оф слип рисрч“ (Journal of Sleep Research).

Сексуалната активност без оргазам и мастурбацијата (со и без оргазам) не се поврзани со промените во сонот, покажа студијата, пренесува „Њујорк пост“.

„Сегашните студии значително ги потврдуваат наодите кои укажуваат дека сексуалната активност и интимноста може да го подобрат спиењето и целокупната благосостојба и кај мажите и кај жените и да послужат како директива за идните истражувања“, напишаа авторите на студијата.

Фото: Пекселс/ ron-lach

Научниците од Универзитетот во Гронинген во Холандија имаа 256 учесници, главно студенти, кои воделе дневник со детали за нивниот сон и сексуална активност во текот на 14 дена. Во предвид биле земени и консумирањето алкохол, менструалниот циклус и „невообичаените настани“ кои се случиле пред спиење.

Истражувачите откриле дека на луѓето кои имале партнерски секс и доживеале оргазам им биле потребни во просек 16 минути да заспијат, во споредба со 17 минути за оние кои имале секс и не доживеале оргазам и 20 минути за оние кои немале секс.

Фото: Пекселс/ cottonbro-studio

За оние кои мастурбирале, просечното време за заспивање било 26 минути. Тоа време било скратено на 19 минути доколку личноста постигне оргазам. Тоа било 20 минути за оние кои не мастурбирале.

Научниците забележале дека доживувањето оргазам резултира со ослободување на окситоцин, наречен „хормон на љубовта“ и пролактин, хормон кој предизвикува развој на градите, го поттикнува производството на млеко и влијае на сексуалното и репродуктивното здравје.

 

Фото: Пекселс/ tim-samuel

„Зголемениот ефект на партнерскиот секс може делумно да се објасни со зголемените невроендокрини промени во оргазмот предизвикани од сексуален однос, во комбинација со вредните ефекти од доживувањето интимност со партнерот“, напишаа авторите на студијата.

Според едно минато истражување, доживувањето одличен оргазам всушност може да биде нешто што сте го наследиле од вашите родители.

За жал, во истаржување спроведено во 2020, беше откриено дека четворица од 10 Американци никогаш не доживеале оргазам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот