Нова „бомба“ од разговор меѓу Мицкоски и Кичеец: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бил на средба со Камчев

Снимка каде се слуша разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и осудениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец денеска беше објавена на Јутјуб.

На неа се слуша глас за кој се претпоставува дека е на Мицкоски како потврдува дека имал средба со Орце Камчев, бидејќи го сликале возилото на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, додека Камчев го следеле под ПИ мерки.

„Ама мене ме имаат сликано, таму кога го следеле Орце како влегувам. Под ПИ мерки кога бил он и мене ме сликале“, вели гласот за кој се тврди дека е Мицкоски.

На тоа се надоврзува женски глас за кој се тврди дека е на ексвработената во болницата „Систина“, Слободанка Алексоска која вели дека го имаат сликано кога бил кај нив, бидејќи Камчев бил под ПИ мерки. Гласот за кој се тврди дека е на Кичеец потоа прашува дали сигурно го имаат сликано, на што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели: „Сто посто“.

Мицкоски потоа дополнува: „Ја сликаа колата, не мене. Пошто бев со колата“, на што Кичеец му одговара дека ако го сликале „некој треба да ги земе снимките од внатре“.

Содржината во разговорите се однесува на периодот пред одржувањето на претседателските избори во 2019 година и се слуша како Мицкоски му раскажува на Кичеец за нивните активности во Охрид.

Минатиот месец, кога излегоа првите разговори на Мицкоски со Кичеец, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја потврди нивната автентичност, како и дека имал средби со осудениот за „Рекет“, кој призна вина за случајот. Средбата била пред ланските претседателски избори, односно пред откривањето на аферата „Рекет“ во јавноста.

Досега, на каналот Јутјуб се објавени аудио снимки на кои наводно се тврди дека се слуша гласот на лице кое беше сведок во аферата „Рекет“, односно адвокатот Васил Димишков, па следеше снимка за која се тврди дека е разговор помеѓу екс директорот на УБК Сашо Мијалков и судијка, а пред неколку дена беа објавени две аудио и една видео снимка на која се слуша гласот за кој се тврди дека е на Ден Дончев, поранешниот директор на Фондот за здравство.

Новите аудио снимки можете да ги слушнете тука.

ЧЕТИРИ НОВИ АУДИО БОМБИ: Мицкоски и Кичеец договарале интензивна соработка пред претседателските избори во 2019 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот