Нов рекорд во Украина: За еден ден регистрирани над 2.000 случаи со Ковид-19

Еден украински војник ја проверува температурата на жената додека го преминува контролниот пункт Новотроицке меѓу украинската влада и проруските милитанти контролирани територии недалеку од Доњецк, Украина, 22 јуни 2020 година.

Украина забележа нов дневен рекорд во бројот на заразени со коронавирусот.

Во оваа земја во последните 24 часа се регистрирани 2.134 нови случаи со Ковид-19, додека ден порано имаше 1.967 заразени, соопшти тамошното министерство за здравство.

Бројот на заразени нагло порасна во август и покрај тоа што Украина воведе рестриктивни мерки.

Вкупниот број на инфицирани со коронавирус во Украина се приближува на цифратаод 100.000, бидејќи досега се заразени 98.537 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот