Нов инцидент во болница, некој пробал да украде цевка што носи кислород во штипскиот ковид-центар

Штипската клиничка болница /Фото: МИА

Непознат крадец се обидел да украде бакарна цевка од боца за кислород во гас-централата што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Станицата за течен кислород се наоѓа кај модуларната болница, која е одалечена од зградата на Инфективното во кое се лекуваат ковид болните.

Според надлежните од болницата, најверојатно крадецот се исплашил од шуштењето на цевката, па побегнал. Тоа го спречило да направи штета и снабдувањето со кислород за четворицата пациенти на одделението не било доведено во прашање.

Случајот е пријавен во СВР-Штип, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.

Од полицијата велат дека извршен е увид и дека по сторителот се трага.

Сличен случај, со оштетување на цевки што водат гас во болница, минатото лето имаше и во ковид-центарот во тетовската болница, кој подоцна изгоре во пожар, а минатата недела, во Болницата за нефрологија во Струга, некој ги исече бакарните цевки кои носат гас во операциона сала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот