Норвежанките се пресилни, прв пораз на Хрватска

epa08880134 Stine R. Skogrand (C) of Norway in action with Larissa Kalaus (R) and Ines Lisjak of Croatia during the EHF EURO 2020 European Women's Handball Main Round - Group II match between Croatia and Norway at Sydbank Arena in Kolding, Denmark, 12 December 2020. EPA-EFE/Bo Amstrup DENMARK OUT

По четири победи на Европското првенство со кои стана инстант сензација, селекцијата на Хрватска денеска е поразена од првиот фаворит за титулата Норвешка со 36:25.
Хрватските ракометарки беа достоен ривал 40-тина минути, дури имаа и водство во второто полувреме, но Норвежанките покажаа зашто се главен фаворит за титулата.

Во последните 20-тина минути Норвежанките направија серија од 13:2 со која од 18:18 остварија дојдоа до убедливи 31:20 со што ги решија дилемите околу победникот и рутински го завршија натпреварот.

Риштад со седум, Офтедал со шест, Мерк и Кристиансен со пет гола ја предводеа Норвешка со петтата победа во петтиот натпревар на ЕП кое се игра во Данска, додека во редовите на Хрватска се истакна Мичијевиќ со седум постигнати голови.

Хрватска во последното коло ја очекува директен дуел за второто место од групата 2 кое носи во полуфиналето против Германија. На „коцкестите“ ќе им биде доволен и еден бод против Германија која денеска беше поуспешна од Унгарија победвајќи ја со 32:25.

Лидер на табелата во групата 2 е Норвешка со максимални осум бода, Хрватска е втора со шест додека Германија има четири бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот