Норвешкиот селектор претпазлив: Ако Македонија има свој ден, може секого да победи

Фото: IFK Kristianstad/Twitter

Во петок од 20:30 часот репрезентацијата на Норвешка ќе биде првиот противник на Македонија на Светското првенство во Полска и Шведска.

Норвешка е првиот фаворит во групата во која се уште Холандија и Аргентина. Сепак селекторот Јонас Вале е претпазлив и во никој случај не ја потценува Македонија пред натпреварот.

Покрај Македонија, тој ја издвои и Холандија која на последното Европско првенство покажа дека може да игра на ниво.

„Македонија и Холандија се две репрезентации кои играат на високо ниво и ако имаат свој ден можат да победат против секого. Мораме да бидеме фокусирани од самиот почеток. Не бегаме од улогата на фаворити во овие три натпревари, но тоа ќе мора да го оправдаме и на терен. Сонувам за медал на овој Мундијал, меѓутоа и ги почитуваме сите противници. Ние ќе се обидеме во секој натпревар да ја играме нашата игра“, изјави Виле.

„Ракометниот Меси“: Македонија е изедначена со Аргентина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот