Ниту таму не е сјајно: Сè поголем број германски пензионери под границата на сиромаштија

Folded hands of an old man, in prayer, nursing home, retirement home, Berlin, Germany, Europe, Image: 146422096, License: Royalty-free, Restrictions: MR_Yes, PR_No, Model Release: yes, Credit line: imagebroker/Thomas Born / imageBROKER / Profimedia

Германија веќе подолг период размислува старосната граница за пензионирање да ја покачи од 65 на 69 години.

Бројот на пензионери во Германија кои се сиромашни или на раб на сиромаштија се зголемува од година во година, покажуваат податоците на германскиот Завод за статистика. Па, така, секој петти германски пензионер влегува во оваа категорија.

Сепак, дури сега се објавени податоците за 2017 година.

Според податоците, 3,2 милиони постари луѓе во Германија се под границата на сиромаштија, што е за 215.000 повеќе од 2016 година, а дури 803.000 повеќе од 2010 година.

Очекувањата се дека статистика и за 2018 и 2019 година ќе покажат оти овој негативен тренд само продолжува.

Германските економисти укажуваат дека оваа слика нема да се промени доколку германската економија не почне повторно да расте. Најзагрозени се неквалификуваните работници, самохраните мајки и воопшто мајките кои долго време не работеле поради породување, што денес е чест случај во Германија.

Дополнителен проблем за пензионерите е и што самиот пензиски систем е под голем притисок бидејќи жителите се се постари. Тоа посебно ќе се почувствува кога целосно ќе се пензионира бебе-бум генерацијата, односно родените од крајот на Втората светска војна до 1964 година.

Германија веќе подолг период размислува старосната граница за пензионирање да ја покачи од 65 на 69 години.

За германската статистика, во ризик од сиромаштија влегуваат сите оние кои живеат сами во домаќинство, а примаат помалку од 60 отсто од просечната плата. Сепак, предвид се земаат уште неколку фактори, но во суштина луѓето кои месечно имаат помалку од 905 евра се сметаат за сиромашни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот