Ништо од ТАЈНАТА ВЕНЧАВКА: Се омажи ќерката на Шварценегер (ФОТО)

Profimedia

Популарниот глумец Крис Прат го кажа судбоносното да со ќерката на популарниот Терминатор, Катерин Шварценегер. Свадбената церемонија се одвивала под таинствен вел, како и сите детали што се однесувале на организирањето на венчавката. Семејството се обидело да ја скрие венчавката од очите на јавноста, но папараците сепак успеале да фотографираат.

Profimedia

Било јасно дека нешто се случува штом на имотот Сан Исидро во Монтесито, Калифорнија се појавиле Крис Прат и Катерин Шварценегер.

Profimedia

Овој ранч е познат како еден од најлуксузните имоти, а се протега на повеќе од 500 хектари приватно земјиште кое има поглед на Тихиот Океан.

Profimedia

Активностите како поставување цвеќе и други декорации почнале оклу 10 часот и било јасно дека се подготвува венчавка. Семејството на Шварценегер стигнало околу 17 часот, а обезбедувањето вешто ги криело.

Profimedia

Голем автобус со замаглени стакла ги донел гостите до ранчот. Невестата носела раскошен фустан без прерамки, а имала и долг вел.

Profimedia

Како што пренесоа странските медиуми, највесели на свадбата биле родителите на невестата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот