„Нисан” гради фабрики за батерии за електрични возила во Јапонија и Британија

Јапонскиот производител на автомобили „Нисан” ќе се здружи со кинескиот производител на батерии „Енвизион” за изградба на нови фабрики за батерии за електрични возила во Јапонија и Велика Британија, инвестирајќи повеќе од 200 милијарди јени (1,8 милијарди долари).

Јапонската компанија ќе почне со производство на батерии во две нови постројки веќе во 2024 година, планирајќи вкупен капацитет кој е доволен за 700.000 електрични возила годишно, објави јапонскиот Никеи.

– „Нисан” ќе продолжи да ја забрзува електрификацијата кон неутралност на јаглеродот, но засега немаме други планови да најавиме, изјави портпаролка на компанијата.

Батериите се една од најскапите компоненти на електричните возила. Извршниот директор на „Рено”, партнерот на „Нисан”, Лука де Мео изјави дека двете компании преговараат за зајакнување на соработката за намалување на трошоците со користење на истата батериска технологија, а директорот на „Нисан”, Ашвани Гупта, рече дека се договориле за заедничките спецификации на батериите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот