Николовски: За ископ на јаглен е потпишан тендер од 46 милиони евра, имало подобра понуда

Александар Николовски / Утрински брифинг
Александар Николовски / Утрински брифинг

Деновиве беше потпишан тендер во вредност од 46 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК Битола, помеѓу Електростопанство на Македонија односно Електрани на Македонија, подружница РЕК Битола и компанија „Марковски компани“ на белорускиот почесен конзул Борче Марковски.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, го нарече ова „врв на криминалот“.

– Првото прашање што се поставува е зошто не е избрана најевтината понуда, а е прифатена понуда што е за околу 30 проценти повисока од најевтината понуда. Имено, понудата што е прифатена е во вредност од 129,7 денари по гигаџул, а имало и понуда што била 100 денари по гигаџул. Како што јавноста може да види, имало три понудувачи и не е избран најевтиниот понудувач туку е избран поскапиот понудувач – рече Николовски.

Тој тврди и дека директорите во РЕК Битола прво се противеле, а потоа се согласиле да го потпишат овој тендер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот