Николовски: Придобивките од пописот се огромни, потребно е обединување, а не бојкотирање

Љупчо Николовски / Фото: Рики Пејковски - Слободен печат.

Со спроведувањето на пописот добиваме точни податоци за правилно насочување на ресурсите и мерките за одржлив развој во здравството, обазованието, социјалната заштита, животната средина, бизнис секторот, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криманлот, одржлив развој човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Тој посочи дека владин приоритет и грижа е да се воспостави одржлив развој во секоја област, а целта е таа одржливост да се одрази во образованието, во зачувување на животната средина, здравството, социјалата, економијата, насекаде каде што државата е сервис во служба на  граѓаните. За сето тоа да се спроведе од исклучителна важност е спроведувањето на пописот.

-Со добиените податоци од пописот добиваме јасни насоки за да ги оствариме 17- те цели за одржлив развој на кои, како членка на ОН, се обврзавме дека ќе ги оствариме до 2030 година. Овие цели обединуваат три димензии: економска, а тоа се ефикасно располагање со економските ресурси, генерирање на  развој и раст, животна средина, односно природните ресурси, заштита и одржливо користење на природата, превенција и борба против загадувањето и социјална димензија што подразбира солидарност, борба против сиромаштија и социјални, рече вицепремиерот Николовски во видео обраќање.

Целиот процес во услови на пандемија, истакна, е безбеден, за што се подготвени специјални здравствени протоколи и обуки за попишување, за заштита на здравјето на попишувачите и попишаните.

-Со пописот добиваме точни информации, кои се потребите на граѓаните,  каде се потребни нови градинки и училишта, каде е потребен стручен кадар за помош за лица со попреченост, нови болници, ефикасни политики за инвестиции, за располагање со работна сила и други податоци важни за политиките за одржлив развој. Државата се сака со поддршка на процеси кои значат развој и подобар живот за граѓаните, и тоа е патриотски чин, патриотски е да си ги кажеш корените. А тоа го овозможува пописот, бидејќи во графите за попис стои Македонци, а добиваат можност да се попишат и Албанците, Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, рече Николовски, додавајќи дека придобивките од пописот се огромни и затоа е потребно обединување, а не бојкотирање на овој процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот