Николовски: Избори во Штип ќе има, а Сашко Николов е идниот градоначалник

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Избори во Штип ќе има, а Сашко Николов е идниот градоначалник. Изборите ќе бидат според сите стандарди, протоколи и заштитни мерки, здравјето на граѓаните ќе биде заштитено, истакна вечерва генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција Љупчо Николовски.

Во интервју за телевизија „Стар”, Николовски рече дека СДСМ има огромно водство и води на сите анкети пред локалните избори во Штип.

– Затоа ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се плашат од пораз. Ние имаме кадар за подобар живот, за поквалитетен живот, не само за Штип, туку за сите градови, рече Николовски.

Очекува демократски и фер избори, со целосна заштита на здравјето на гласачите и во Штип и во Пласница.

– Опозицијата стана пример за неодговорно однесување, а ние покажавме дека знаеме да организираме избори, како што беа парламентарните пред неколку месеци, рече генералниот секретар на владејачката СДСМ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот