Нигерија развива иновативно решение за еден од најпредизвикувачките аспекти на нуклеарната енергија

Нуклеарната енергија е конзистентен извор со ниска содржина на јаглерод, кој не зазема толку простор како другите иницијативи за чиста енергија, но генерира отпад што може да остане радиоактивен илјадници години.

Нигерија го истражува потенцијалот на нуклеарната енергија, но од витално значење е западноафриканската земја да најде решение за тој проблем.

Земјата е дом на изобилство на ураниум, а нуклеарната енергија би била чиста, стабилна и поевтина алтернатива.

Сепак едно решение, технологијата „NST SuperLAT“, може да биде клучот.

„Технологијата за отстранување на геолошки нуклеарен отпад“ го изолира и разредува нуклеарниот отпад според глобалните регулативи. Технологијата уште е наречена „менувач на играта за индустријата за нуклеарна енергија“.

Со неа се депонира високо и ниско потрошено нуклеарно гориво на 10.000 до 15.000 стапки под површината на Земјата, спречувајќи радиоактивниот отпад да предизвика безбедносни и еколошки проблеми.

„SuperLAT“ ќе го обработува, пакува, складира и транспортира нуклеарниот отпад во сандаци неколку илјади метри под земја“. „Може да се извади и кога е потребно како гориво во реакторите за да се генерира електрична енергија со низок јаглерод, вели коосновачот на „NuclearSAFE Technology“, д-р Џими Ети-Вилијамс кој го разви методот.

Технологијата користи систем за дупчење и комплексен инженерски дизајн за да обезбеди ефикасно, безбедно складирање на нуклеарниот отпад.

Ети-Вилијамс вели дека управувањето со таков отпад е „најпредизвикувачкиот фактор за придобивките од нуклеарната електрична енергија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот