
Невролог открива која намирница возрасните со одлично помнење не ја прескокнуваат – еве зошто е добра
Одредени намирници се преполни со хранливи материи кои го одржуваат здравјето на мозокот, и тоа, како краткорочно, односно кога ви е потребен фокус, така и долгорочно од заштита од когнитивен пад и деменција.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Иако исхраната не е единствениот фактор во зачувувањето на помнењето, сепак таа има важна улога, а според зборовите на неврологот д-р Грег Купер, постои една намирница која секој од нас треба да ја вклучи во секојдневната исхрана, а тоа се оревите.
Зошто баш ореви?
Оревите се богат извор на омега-3 масни киселини и антиоксиданти кои докажано ги намалуваат воспаленијата во телото, вклучувајќи го и мозокот.
Помали воспаленија – подобра функција на мозокот. Студиите покажуваат дека редовното консумирање ореви придонесува за подобро помнење, учење, координација, а дури го намалува и нивото на анксиозност, пишува „Парада“.
Едно истражување покажало дека младите кои за појадок јаделе ореви имале подобра меморија шест часа подоцна – иако интересно е тоа што дејството било одложено, а не во моментот.
Колку ореви треба да изедете?
Д-р Купер препорачува една дланка ореви дневно или барем пет порции неделно. Може да ги јадете сами, да ги додадете во овесна каша или во салата.
Иако оревите се одличен сојузник за здрав мозок, важно е да имате разновидна и избалансирана исхрана. Но, ако барате брзи и здрави грицки, грст ореви е добар почеток.