Неверојатно: Партизан само од билети сезонава заработил шест милиони евра

Фото: KK Partizan

Кошаркарите на Партизан по десегодишна пауза вчера ја прославија титулата во АБА лигата, а зад себе сезонава имаат и несреќна елиминација од Реал Мадрид во четвртфиналето од Евролигата. Меѓутоа најмногу во центарот на вниманието сезонава црно-белите беа поради навивачите.

Редовно избраниците на Жељко Обрадовиќ играа пред полни трибини и неколку пати го рушеа сопственикот рекорд, белградската Арена секогаш беше со повеќе од 20.000 гледачи.

Откако сезоната заврши пресметано е дека српскиот гигант само од продажба на билети заработил огромни шест милион иевра, oбјави српски „Телеграф“.

Според официјалните податоци на Ецролигата, натпреварите на Партизан на домашен терен биле следени од 341.833 гледачи, додека во АБА лигата ги гледале 206.325. Така се доаѓа до вкупна бројка од неверојатни 548.158 гледачи.

Најполна Арената во Белград била токму во вчерашнот офинале кога на трибините имало 22.198 гледачи, најмала посетеност имало во натпревар против ФМП на кој присуствувале само 3.396 гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот