Неверојатно дарежлив човек оставил бакшиш од 10.000 долари во ресторан, па ја открил потресната причина

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Еден човек, по име Марк оставил огромен бакшиш во ресторан во Мичиген, САД, а имал и потресна причина зошто го направил  овој гест. Персоналот во ресторанот „Мејсон џар кафе“ во Бентон Харбор биле шокирани кога тој оставил бакшиш од дури 10.000 долари на неговата сметка, пишува „Унилад“.

Менаџерот на овој ресторан, Тим ​​Свини објаснил дека персоналот обично добива бакшиш, но никогаш повеќе од 100 долари. Сметката за храна и пијалок на овој дарежлив човек била нешто повеќе од 30 долари, но како што раскажува Свини на крајот тој платил вкупно 10.032,43 долари.

Свини расакажал дека останал изненаден кога го видел бакшишот и сакал да се увери дека е точен. Тој отишол да разговара со Марк за да се увери дали навистина сака да остави толкава сума.

„Се вратив. Разговарав со него. Тој рече дека сака да го даде бакшишот”, објаснил Тим.

Во текот на разговорот, Марк ја открил и потресната причина поради која решил да го направи овој гест.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Тоа беше во спомен на негов пријател кој неодамна починал, а тој беше во градот на погребот. Беше навистина чин на љубезност што растажи многу луѓе“, објаснила келнерката Пејџ Мулик.

Персоналот во ресторанот го поделил бакшишот со деветте луѓе кои работеле тој ден, па секој од нив однел дома околу 1.100 долари. Келнерката Пејџ објаснила дека ќе го искористи својот дел за да ги исплати студентските кредити.

„Работиме напорно. Знаеме дека некои денови ќе заработуваме повеќе, а некои помалку. Тоа е само дел од работата. Но, ние работиме напорно и мислам дека многу луѓе навистина го заслужуваат ова“, додала таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот