„НетБлокс“: Интернетот во Мјанмар во прекин во, речиси, целата земја

Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

Интернет во, речиси, цел Мјанмар од синоќа е во прекин, соопшти невладината организација „НетБлокс“ што го следи функционирањето на интернетот. Прекинот, како што тврди организацијата, почнал околу 1 часот по локално време и додаде дека интернетот во Мјанмар работи на 14 отсто од вообичаеното ниво.

Безбедносните сили на Мјанмар вчера пукаа во демонстрантите, додека војници се распоредуваа во Јангон и други градови, што предизвикува страв од задушување на протестите против неодамнешниот воен преврат во земјата.

Армијата на Мјанмар, која на 1 февруари ја презеде власта, ги смени владата и цивилната лидерка Аунг Сан Су Чи, воведе полициски час во неколку градови и забрани собирање на повеќе од пет лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот