Нетанјаху по нападот од Иран: Пресретнавме, одбивме, заедно ќе победиме

epa10925265 US President Joe Biden (L) and Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu (R) during a joint press confrence in Tel Aviv, Israel, 18 October 2023. President Biden pledged US support for Israel and said the overnight attack on a hospital in the Gaza strip 'appears' to have been caused 'by the other team' EPA-EFE/MIRIAM ALSTER / POOL

Израел ќе победи откако ќе се одбрани од налетот на ирански беспилотни летала и ракети, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Пресретнавме, одбивме, заедно ќе победиме“, рече Нетанјаху во кратка објава на мрежата Х.

Американскиот претседател Џо Бајден ги пофали американските сили што му помогнале на Израел да ги собори „речиси сите“ беспилотни летала и ракети истрелани од Иран и вети дека ќе го координира глобалниот одговор на нападот без преседан на Техеран.

Во услови на најголемата ескалација на регионалните тензии од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас пред шест месеци, Бајден вети дека американската поддршка за одбраната на Израел од нападите на Иран и неговите посредници ќе биде „железна“.

Тоа беше првпат Иран да изврши директен воен напад врз Израел, ризикувајќи да предизвика поширок регионален конфликт.

Соединетите Американски Држави и Израел се подготвуваа за напад со денови откако Иран најави дека ќе возврати на наводниот израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија во кој загинаа 12 лица, вклучително и двајца високи ирански генерали во елитните сили „Кудс“ на гардата на исламската револуција.

„Според моја насока … американската војска повторно распореди авиони и ескадрили за уништување за да ја зајакне ракетната одбрана во регионот изминатава недела. Благодарение на ова и на исклучителните вештини на нашиот воен персонал, му помогнавме на Израел да ги собори речиси сите дронови и проектили кои доаѓаа“, рече Бајден.

Тој го прекина викендот во неговата куќа на плажата во Делавер за да се сретне со неговиот тим за национална безбедност во Белата куќа, враќајќи се во Вашингтон неколку минути пред израелските власти да потврдат дека откриле беспилотни летала испукани од Иран.

Пред да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, тој свика состанок на Советот за национална безбедност.

„Истакнав дека Израел покажа извонредна способност да се брани и да ги порази дури и нападите без преседан – испраќајќи јасна порака до своите непријатели дека не можат ефективно да ја загрозат безбедноста на Израел“, рече Бајден.

Тој додаде дека денеска ќе свика состанок на Г7 „за да се координира унифициран дипломатски одговор на дрскиот напад на Иран“.

ВИДЕО | Иран го нападна Израел со дронови, Нетанјаху рече дека земјата е подготвена да се брани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот