Нетанјаху најави дека Израел преку офанзива ќе ги ослободи заложниците кои ги држи Хамас

Бенјамин Нетанјаху / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да пропушти никаква можност да ослободи уште заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа, додавајќи дека израелската армија ќе продолжи со офанзивата до „конечната победа“ над Хамас.

Нетанјаху ова го изјави откако израелските специјални сили ослободија двајца заложници за време на операција во градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа. Нетанјаху го поздрави ослободувањето на заложниците Фернандо Симон Марман (61) и Норберт Луис Хара (70).

„Фернандо и Луис, добредојдовте дома. Им честитам на нашите храбри борци за храбрата акција што доведе до нивно ослободување. Само континуираниот воен притисок може да доведе до ослободување на сите наши заложници“, напиша Нетанјаху на Икс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот