Нетанјаху најави 36-часовен полициски час во Израел

Фото: EPA-EFE/GALI TIBBON / POOL

Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа најави 36-часовен полициски час, со цел да ги спречи Израелците да одат на шопинг и на свечени вечери во текот на последните два дена од празникот Пасха.

За време на полицискиот час од денеска во 17 часот до 5 часот во четврток, „задолжително е да се остане во рамките на своите градови и заедници”, им рече тој на граѓаните во телевизиско обраќање.

– Предупредувам против опуштање, рече Нетанјаху, повикувајќи ги Израелците да продолжат сериозно да ги сфаќаат забраните на Министерството за здравство, кои имаат за цел да го запрат ширењето на коронавирусот.

Во Израел досега се заразени 11.586, а починале 116 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот