Несреќа на автопатот Гостивар – Тетово: Камион се преврте и заврши во дворот на полициската станица

Фото МИА

Поладнево камион излета од коловозната лента на автопатот Гостивар – Тетово, ја скрши заштитната ограда и заврши во дворот од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Според првичните информации од тетовската пожарна, возачот е повреден.

-Моравме да интервенираме и да го извадиме возачот од кабината на камионот кој беше повреден и однесен во тетовската клиничка болница, информираше Авни Амети, командир на тетовската пожарна.

Во моментот се врши увид од службите на СВР Тетово, а сообраќајот се одвива успорено. Камионот има регистарски ознаки на Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот