Немири во Париз поради забраната за пропалестински протести, демонстрантите извикуваа „Израел убиец“ и „Макрон соучесник“

Фото: EPA/ Јоан Валат

Француската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера пропалестинските демонстранти вечерва во Париз, откако полицијата соопшти дека вакви собири се забранети.

И покрај забраната, неколку стотици пропалестински демонстранти се собраа во центарот на Париз во одделни групи, чие спојување полицијата се обиде да го спречи.

Демонстрантите извикуваа „Израел убиец“ и „Макрон соучесник“, додека францускиот претседател Емануел Макрон претходно го осуди нападот на палестинската организација Хамас и изрази солидарност со Израел.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин претходно најави забрана за сите пропалестински демонстрации во земјата.

Тој рече дека еврејските училишта и синагоги треба да бидат заштитени со видливо полициско присуство, а членовите на францускиот парламент добија и полициска заштита поради растечкиот антисемитизам.

Забраната за пропалестински демонстрации во Франција беше објавена поради загриженоста меѓу европските земји за зголемениот антисемитизам поттикнат од конфликтот меѓу Израел и Хамас.

И германската полиција предходно ги растера пропалестинските демонстранти во Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот