Нема решенија за присилна наплата од УЈП додека траат препораките за коронавирусот

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека нема да доставува решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП.

УЈП нема да ги презема овие дополнителни мерки се додека траат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти ИУЈП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот