Неколку банки во Сараево добиле дојави за поставени бомби

Сараево аеродром/ Фото Skorzewiak / Alamy / Alamy / Profimedia

Сараевската полиција добила дојави за поставени бомби во канцеларии на филијали на неколку банки во Сараево.

Припадници на полицијата во моментов се на терен и вршат истрага.

– Полицијата на Кантонот Сараево утринава била известена дека неколку деловни единици на одредени банки на подрачјето на Кантонот Сараево добиле по електронска пошта дојава за наводно поставена бомба, а во врска со тоа се преземени мерки и дејствија, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево, Мирза Хаџиабдиќ.

За дојавите е информиран дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот