Некој фрлил молотови коктели врз фирма на скопскиот булевар „Осми Септември“

Фото: МИА

Непознати сторители синоќа фрлиле молотови коктели во кругот на фирма на скопскиот булевар „Осми Септември“, соопшти МВР.

„На 11.04.2023 околу 04.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на бул.„8 Септември”, сопственост на К.Ф.(48) од Скопје биле фрлени тврди предмети и шишиња со запалива течност. Според пријавеното, пожар не бил предизвикан, туку биле оштетени работна машина и комбе „Фиат” со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирмата“, пишува во полицискиот билтен.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот