„Не“ за рускиот ултиматум – Велика Британија нема да плаќа во рубљи

Борис Џонсон - Фотографија ЕПА, Енди Рејн

Канцеларијата на британскиот премиер Борис Џонсон одговори на ултиматумот на Владимир Путин, кој претходно денеска побара од утре сите плаќања од „непријателските земји“ да бидат во рубљи.

Портпаролот на Борис Џонсон потврди дека Велика Британија нема намера да плаќа за рускиот гас во рубљи – официјална валута на Руската Федерација.

Додаде дека владата ги „разгледува импликациите врз европскиот пазар од барањето на Путин“.

На прашањето постојат ли околности во кои Британија би се согласила да плаќа за рускиот гас во рубљи, портпаролот на Џонсон рече: “Тоа нешто не планираме да го направиме“.

Шолц: И на Путин му кажав, плаќањата за рускиот гас ќе продолжат во евра или долари

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот