Не го инсталирајте новиот Windows 10 апдејт, ви се заканува „синиот екран на смртта“

Мајкрософт објави опција за ажурирање, под ознаката KB4541335, во која би требало да се содржани сите најнови апдејти.

Сајтовите кои го следат светот на технологијата последниве денови се исполнети со негативни реакции од последното ажурирање кое Мајкрософт го објави за оперативниот систем Windows 10.

По инсталирањето на последната надградба бројни корисници пријавувале различни проблеми кои таа ги предизвикува во нивните компјутери, за кои тврдат се со широк спектра, од помали и лесно решливи багови до „катастрофални“ кои компјутерите ги прават речиси неупотребливи.

Мајкрософт објави опција за ажурирање (која не е задолжителна), под ознаката  KB4541335, во која би требало да се содржани сите најнови апдејти.

По преземањето на ажурирањето, кое корисниците го презеле со надеж дека се исправени претходните проблеми и багови, кај некои дошло до значително забавување на работата на оперативниот систем. Освен тоа, корисниците почнаа да пријавуваат и дека бројните апликации споро се покренуваат и така забавено работат.

За се да биде уште полошо, голем број корисници пријавиле „пад“ на системот и појава на т.н. „син екран на смртта“ (BSOD – Blue Screen of Death), а во одредени случаи Windows 10 едноставно одбивал да се покрене па компјутерите им запаѓале во така наречен „bootloop”.

Иако Мајкрософт по повод проблемот со својот последен кумулативен апдејт официјално се уште не се огласил, на корисниците им се препорачува да внимаваат на KB4541335 и да не го инсталираат.

Останува единствено Мајкрософт во најскоро време да успее да ги репи сите проблеми кои корисниците моментално ги имаат и ќе објави апедејт кој ќе им овозможи повторно без проблеми да можат да ги користат своите компјутери, советува сајтот  MSPowerUser.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот