Не е исклучена можноста Меси и Иниеста да се вратат во Барса

Клупските легенди на Барса, Лионел Меси и Андрес Иниеста оставија голема трага на „Камп Ноу“/Фото: EPA-EFE/Ballesteros

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона во средата на „Камп Ноу“ го претстави Дани Алвеш пред повеќе од 10.000 навивачи на клубот.

Лапорта му се заблагодари на Бразилецот што се врати во Барса во чии бои имаше славни моменти во кариерата. Во емотивен тон продолжува да се обраќа кон клупската легенда:

– Ќе го направиме тоа повторно, Дани. Тоа е ден пол со емоции кои се повторуваат како и првиот пат кога си стигнал во клубот. Алвеш е играч со најмногу титули во историјата. Ми кажа дека сака да се врати и му помогне на тимот – рече Лапорта.

Воедно првиот човек на каталонците не ја исклучува можноста за враќање на уште две легенди, Лионел Меси и Андрес Иниеста:

– Тоа се луѓето кои го направија овој клуб голем. Меси и Иниеста се спектакуларни, не можам да ја предвидам иднината, бидејќи тие сè уште играат. Секогаш ги имаме на ум, иако сега имаат договори со други клубови и тоа мора да го почитувате, но во животот никогаш не се знае – вели Лапорта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот